Охриѓанка тешко повредена во сообраќајна несреќа

На 23.12.2024 во 18:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „пежо 407“ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.А.(52), удрило во Ц.П.(74), двајцата од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.П., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Претходна вестИсплатени субвенциите за растително производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година
Следна вестТошковски: Jа опремуваме и модернизираме цела македонска полиција