Се чистат од снег патиштата кон Кучково и Грачани во Општина Ѓорче Петров

Екипите на Општина Ѓорче Петров од раните утрински часови се активно ангажирани за расчистување на патиштата кон Кучково и Грачани.

Надлежните служби се грижат за безбедноста и непреченото движење на граѓаните.

Како што информира Општина Ѓорче Петров, градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека безбедноста и удобноста на жителите се врвен приоритет за општината и дека службите остануваат на терен се додека целосно не се обезбеди нормално функционирање на сообраќајот.

– Будно ги следиме условите на терен и навремено реагираме на секоја состојба. Благодарност до сите граѓани за трпеливоста и разбирањето, порача градоначалникот Стојкоски.

Општина Ѓорче Петров нагласува дека остануваат посветени на континуирано унапредување на условите за живот и создавање сигурна инфраструктура за своите граѓани.

Претходна вестАвионска несреќа во Казахстан, меѓу 28 преживеани и три деца
Следна вестТодевски, Стојановски и Петковски се најдобрите полицаец, пожарникар и крводарител на град Скопје