На Бадник во Битола се роди тројка – две братчиња и сестричка

Жена која денеска, на Бадник, се породила во битолската болница „Плодност“, донела на свет тројка – две братчиња и сестричка, објави болницата на социјалните мрежи.

-Со голема храброст и љубов, мајката на свет донесе три мали ангели, на ден кој симболизира љубов, семејство и заедништво. Таа е во одлична здравствена состојба, пресреќна и благодарна што на свет донесе ваков благослов. Со методите на асистирана хумана репродукција (АРТ), пациентката имаше успешно изведена инсеминација – која помогна во остварувањето на овој прекрасен момент, пишуваат од болницата во објавата.

-Со методите на хумана асистирана репродукција го зголемуваме наталитетот, вели прим. д-р Таше Трпчевски од „Плодност“.

-Денес сме сведоци на едно од најубавите чуда што медицината и животот можат да ги подарaт. Нека празничната магија продолжи во нивниот дом!, пишуваат од болницата.

Претходна вестДве лица каснати од кучиња скитници
Следна вестХристос се роди! – православните христијани денеска го празнуваат Божиќ