Уапсени две лица во Скопје барани со потерници

Полицијата во последните два дена на различни локации уапси двајца мажи барани со централни потерници.

Во првиот случај, интервентната полиција на 7 јануари уапсила 32-годишник од Скопје за кого имало испишано централна потерница за издржување на затворска казна од две години.

Во вториот случај, пак, полицијата вчера уапсила 29-годишен маж баран со централна потерница, осуден за пуштање во продажба на наркотични дроги, за кого била изречена затворска казна со траење од три години и четири месеци.

Од МВР велат дека двете лица се приведени и ќе бидат предадени на надлежните затвори.

Претходна вестГерасимовски: Очекуваме во март дечињата да бидат згрижени во новата градинка Пролет
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Гасната централа ќе обезбеди топлинска енергија со драстично намалување на загаденоста