По реакциите на студенти, читалницата во „Браќа Миладиновци“ од денеска повторно ќе работи нонстоп

Читалницата во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од денеска повторно ќе работи нонстоп, односно 24 часа, откако 1.700 луѓе потпишаа онлајн петиција.

Новината ја соопштија од Универзитетското студентско собрание на УКИМ (УСС-УКИМ) на нивниот Инстаграм профил, каде што наведоа дека испратиле и барање до градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и директорката на библиотеката Снежана Стојчевска за библиотеката да продолжи да работи 24/7.

Во петицијата, студентите бараа библиотеката да работи нонстоп во пресрет на испитната сесија, посочувајќи дека студентите претежно се вратени во Скопје и дека често условите во нивниот дом не им го дозволуваат потребниот мир и амбиент за учење.

Слични вакви петиции имаше и во јануари лани, но и во 2022 година, а по онлајн петициите и во двата случаи, библиотеката го продолжуваше работното време.

Претходна вестПолицајците да ги опоменуваат граѓаните поради старите лични карти доколку имаат рок на важење, вели Тошковски