Поголем дел од Карпош без струја поради испад на трафостаница

Општина Карпош информира дека поради испад на трафостаница без електрична енергија е поголем дел од општина Карпош и тоа населбите Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе, како и делови од Влае и Злокуќани.

-Од ЕВН не информираа дека нивните екипи се веќе на терен и работат на поправка на дефектот, велат од Општина Карпош.

Се огласија и од ЕВН. Оттаму велат:

-Поради испад на 100/35/10 кВ трафостаница „Запад”, дел од Карпош остана без снабдувањето со електрична енергија. Екипите на Електродистрибуција веднаш излегоа на терен и го вратија снабдувањето со електрична енергија во поголемиот дел од општината. Се продолжува со работа се до потполно отстранување на дефектот и нормализирање на снабдувањето за сите засегнати корисници, ни одговорија од ЕВН.

Претходна вестЦелосно е исчистен превојот Стража
Следна вестПобеда на Зоран Милановиќ на претседателските избори во Хрватска