Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг

Прашањето за Илире Даути е затворено за собранискиот спикер Африм Гаши. Тврди дека по изгласаната интерпелацијата сега се е во рацете на Комисијата за избори именувања што ја предводи Ѓорија Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ. Собранискиот спикер иако ја префрла топката кај други собраниски тела, не открива дали Заклучок што го изгласаа мнозинството пратеници дека Даути како претседателка на Комисијата за социјална политика го прекршила Деловникот, го доставил до Сајкоски.

-Прашањата како што се разрешувања или оставки се процедури на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, пратеничките групи или пратениците. До денес, не сум добил официјално известување за оставка од ниту еден претседател на Комисија. Од процедурална гледна точка, ова прашање е решено. Секое друго толкување освен ова е едноставно политичка реторика за дневна употреба и нема никаква правна основа, во која јас како претседател на Собранието нема да учествувам, се вели во писмената изјава на Гаши.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ и понатаму на став дека Даути не е подобна да ја води собраниската комсија.

-Пратениците со гласање донеле одлука дека е прекршен Деловникот и дека од тој момент претседателката повеќе нема морален кредибилитет да ја води комисијата. Никој не го оспорува правото на опозициската коалиција предводена од ДУИ да си предложи нов Претседател и сигурни сме дека коалицијата СДС-ДУИ-Левица ќе го подржат новиот предлог, како што често пати ја координираат опозициската активност во Собранието, изјави Лефков.

По коментарите од Вреди дека ќе застанат во одбрана на Даути бидејки интерпелацијата доаѓа од Левица, Лефков вели дека не е битно чија е инцијативата, туку дека пратеничката ги прекршила правилата.

Од албанскиот партнер во власта Вреди и понатаму дистанцирано за разрешувањето на Даути. Велат дека Гаши постапил деловнички што веднаш не ја разрешил.

Даути вчера, рече дека по изгласаната интерпелација и Заклучок во парламентот ќе дејствува само како пратеничка бидејки не сака како комисиска претседателка да работи под диктат на ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Сепак, таа самоиницјативно не понуди оставка, а и од кај Гаши потврдуваат дека нема стигнато таков документ во парламентот.

Од Левица пак, најавија дека ако Даути сама не си замине од функцијата тие ќе предложат разрешување, но ќе преземат и други чекори за смена на пратеничката на Села.

Претходна вестМуцунски: Нашата држава има сериозен интерес од страна на администрацијата во доаѓање на САД
Следна вестMитев: Ќе го оставиме срцето на терен за Македонија