Премиерот Христијан Мицкоски рано утринава оствари средба со командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт.
Средбата, како што соопшти Мицкоски преку социјалните мрежи, била фокусирана на продлабочување на соработката меѓу двете земји, со посебен акцент на обуката, размената на искуства и поддршката за развој на современи и функционални одбранбени капацитети.
На средбата од македонска страна присуствувале и министерот за одбрана Владо Мисајловски, како и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал Сашко Лафчински.
Генерал-мајор Најт во земјава пристигнал со своја делегација, а на средбата била присутна и амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: