Од Армијата денеска преку социјалните мрежи информираа дека началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес, бил одликуван со Медал за истакната служба од страна на командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал мајор Грегори Најт, кој се наоѓа во официјална посета на Република Северна Македонија и Армијата.
Ова одликување се доделува за извонредна и витална поддршка на Програмата за државно партнерство со САД. Генералот Најт ги истакна лидерството и експертизата на генералот Лафчиски, кои имаат директно позитивно влијание врз напорите на Република Северна Македонија во постигнување на НАТО целите како ценет партнер, се наведува во објавата.
На официјалниот состанок на генералот Најт со својот домаќин, началникот на ГШ на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана, Владо Мисајловски, а на која присуствуваше и амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Н.Е Анџела Агелер, беше истакната исклучително успешната и повеќедецениска партнерска програма со Националната гарда на Вермонт, преку која се реализирани голем број активности, меѓу кои учество во мировни мисии, заеднички вежби, обуки и едукативни програми за припадниците на двете армии.
Соработката беше оценета како исклучително корисна и значајна, при што беше изразена заедничка подготвеност таа да продолжи и дополнително да се развива во наредниот период.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



