Апел до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури, упати денеска ЈП „Водовод и канализација“.
-Врз основа на податоците од страна на Управата за хидрометеоролошки работи, како и високите температури кои деновиве достигнуваат и над 30 °Ц, апелираме за рационално користење и употреба на водата, односно да се избегнува полевање поголеми површини и непотребно трошење на водата за време на топлите денови, се наведува во обраќањето.