Граѓанката Олгица Н. Трајковска денеска поднела кривична пријава до Обвинителството против претседателот на СДСМ, Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров за како што наведува лажни ветувања на претходните парламентарни избори.
-Денеска поднесов Кривична пријава до ОЈО против Заев, Димитров и други… за кривично дело од чл.160 од КЗМ, затоа што со ИЗМАМА влијаеја на СЛОБОДНАТА волја на гласачите – КАКО да гласаат на ПИ 2016., свесно лажејќи за Името, Идентитетот, Уставот, Реформи, Смилковско, Младенов, Плати, Гаранцијата и др…., напишала Трајковска на Фејсбук.
Воедно таа ставила и фотографија од поднесокот на кривичната пријава каде се гледа и штембилот од обвинителството и дека е примено на денешен ден.
Веднаш под постот, таа добила подршка од повеќе граѓани, а некои сепак и неведуваат дека се е тоа џабе, бидејќи власта го контролира судството.
Трајковска на тоа одговара:
-Со очекуваниот исход и ризици, не смееме да се откажеме од ниедно од допуштените средства…а потоа… Господ да им е на помош! Да не речат- зошто не се обидовте! Моето долго искуство вели – НЕ се ОТКАЖУВАЈ! Не знаеш од каде ќе дојде сатисфакцијата!, напишала таа.