Продолжува трендот кај извесен број на граѓани на избегнување на обврската за носење на заштитна маска во јавни простории и меса каде не може да се одржува дистанца. Имено, во текот на изминатото деноноќие во Македонија за неносење лична заштита на лице регистрирани се 474 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид -19.