На регионалниот пат Куманово – Свети Николе, патничко возило „хјундаи аксент“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(61) од с.Петровец, удрило во 6-годишен пешак од с.Колицко, кумановско.
Несреќата, информираат од МВР, се случила вчера околу 10:20 часот.
-По незгодата, малолетничката била пренесена во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош, велат од МВР.
Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Куманово.