Синоќа при несреќен случај во Рудникот Суводол во РЕК Битола, при работа со градежна машина, животот го загуби работник В.К., 60 години, соопшти денеска РЕК Битола. Во информацијата до јавноста се наведува дека стручните служби на овој рударско-енергетски комбинат и надлежните органи се на терен за расчистување на околностите под кои се случи несреќата.
-Во моментот на несреќата, работникот беше ангажиран на извршување на редовни работни активности- стои во известувањето од РЕК Битола.
Телото ќе биде предадено на обдукција, по што ќе се знаат и причините за смртта на работникот.