Според податоците од Миистерството за внатрешни работи вчера околу 17.15 часот на патниот правец Битола-Ресен се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди-А3“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(20) од Битола и мотоцикл „јамаха“, без регистарски ознаки, управуван од Д.Б.(24) од Битола.
-Во незгодата, Д.Б. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола, информираат од МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.