Јавен повик до државните институции да се вклучат во истрагата околу случајот Еуростандард банка упати денеска бизнисменот Трифун Костовски кој што е еден од главните акционери во банката. Повикот е упатен до претседателот на Собранието, Талат Џафери, до Обвинителството за организиран криминал, Антикорупциската комисија и до Министерството за внатрешни работи.
-Ги повикувам наведените институции да се вклучат во истрагата околу случајот за стечајот на Еуростандард банка, кој изобилува со недоследности од страна на надлежните институции и многу нејасностии за носењето на оваа одлука. Ги молам институциите да почнат да дејствуваат по принципот на допрен глас, потенцира во повикот Костовски.
Тој неодамна обвини дека затворањето на Еуростандард банка е „смислено сценарио“, правено со месеци наназад. На прес конференцијата тој најави кривични паријави за претходното раководство на Банката кое ја довело до ваква состојба и постапка пред Арбитражен суд во која ќе ја тужат државата за стечајот. Рече дека правдата ќе ја бара и надвор од државата.