Неповолни податоци за природното движење на населението во второто тромесечје од годинава соопшти денеска Државниот завод за статистика. Според податоците, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2020 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 6.5 проценти и изнесува 4 596 живородени деца.
-Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2020 година бележи зголемување од 3.0 отсто во споредба со истото тримесечје од 2019 година и изнесува 5 064 лица, а од нив умрени доенчиња се 51. Природниот прираст изнесува -468, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица, се наведува во информацијата.
Во првото тримесечје од годинава починале 22 доенчиња што е за 2,5 помалку од овој период.
-Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 66.5 проценти во споредба со истиот период од 2019 година и изнесува 1 147 бракови. Во ова тримесечје е добиен 181 извештај за разведени бракови, соопшти ДЗС.