По починатата девојка, најдено е и телото на мажот кој скокна во Вардар да ја спаси

Откако беше извлечено безживотното тело на 20-годишната девојка од Гостивар, која ноќеска паднала во Вардар, неколку часа подоцна е извадено и мртвото тело на 45-годишниот маж кој скокнал за да ја спаси.Безживотното тело на девојката било најдено кај селото Старо Чајле, околу четири часот по полноќ покрај брегот на реката Вардар. На местото пристигнала брза помоаде само ја потврдиле смртта кај жената.Потрагата во раните утрински саати продолжила по 45 годишниот маж чие тело денеска околу пладне бил најдено помеѓу местата Форино и Чегране во водите на Вардар.Се истражува дали помеѓу мажот и жената имало поврзаност или можеби се работи за минувач кој се нашол случајно на местото кога таа паднала или скокнала.

Двете тела се дадени на обдукција.

Претходна вестАлбански државјанин по кој трага Интерпол е приведен на Блаце
Следна вест6 починати и 131 новозаразен од коронавирус