Еден починат, 115 новозаразени и 368 оздравени од корона вирусот

Од направените 1.665 тестирања во Македонија регистрирани се 115 нови случаи на инфицирани граѓани со корона вирусот, соопшти денеска Министерството за здравство. Најголем број на новозаразени лица има во Скопје 34, а потоа следат Куманово-10, Штип-14, Прилеп-15, Тетово-3, Струга-13, Битола-4, Охрид-4, Гостивар-2, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-2, Виница-3, Делчево-1, Свети Николе-2.

– Во болнички услови е починат пациент од Гостивар на возраст од 76 години, се наведува во информацијата.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациент од: Скопје-64, Куманово-74, Дебар-28, Штип-30, Прилеп-5, Тетово-48, Струга-9, Битола-6, Охрид-3, Кавадарци-20, Гостивар-36, Гевгелија-1, Струмица-4, Крива Паланка-6, Радовиш-1, Кочани-4, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Кратово-1, Свети Николе-9, Кичево-12, Неготино-1.

-Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.455,  бројката на оздравени пациенти е 11.525, на починати е 604, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.326.

Претходна вестКонечно поднесена кривична пријава за бесправно градење пред „Мавровка“
Следна вестДивоградбата кај „Мавровка“ ќе ја урива Јавното претпријатие за патишта