Дивоградбата кај „Мавровка“ ќе ја урива Јавното претпријатие за патишта

Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да донесе одлука за ангажирање на потребна механизација, средства за работа и вработени, за уривање и демонтирање на бесправно изграден градежен објект што се наоѓа пред ТЦ Мавровка, без надоместок кон Општина Чаир, односно од сопствени средства. Ова е препорака која од денешната прва седница Владата ја упатила до ова претпријатие.

Во рамките на оваа одлука Владата им препорачува на Општина Чаир и Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да ги регулираат меѓусебните права и обврски да склучат Договор за отстранување на бесправно изграден градежен објект, делови од објекти и бесправно поставени објекти.

По исполнување на обврските од договорот, Општина Чаир и Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патиша, во рок од 7 дена, се задолжени да подготват и до Владата да достават соодветна Информација за извршување на обврските од одлуката.

Претходна вестЕден починат, 115 новозаразени и 368 оздравени од корона вирусот
Следна вестUnited Grоup има најбрза мобилна мрежа во Европа