И денеска вработени во „Македонијапат“ ја уриваат дивоградбата пред трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје. Сега се работи уште поураднички бидејќи е вклучен уште еден багер.
Двете тешки машини и работниците и денес ги обезбедуваат голем број полицајци. Инаку, за потсетување, уривањето почна вчера, веднаш по еден ден откако Владата донесе одлука дивоградбата да ја урне „Македонијапат“. Претходно, долго време ниту една фирма не се јави на огласите на Општина Чаир за рушење на спорниот објект.
Долго време не се знаеше и не можеше да се најде и кој сопственикот на пбјектот, но тој вчера се појави самиот и истакна дека имал одобрение да го обнови објектот што му изгоре до темел во мај.