ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужби до Управниот суд за верификација на мандатите на новите осум пратеници

Советниците Игор Јанушев и Никола Мицевски, во името на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, поднесоа тужби до Управниот суд за верификација на мандатите на осум нови пратеници кои дојдоа на местата на пратениците од власта кои заминаа во Владата.

Според Јанушев, кој по излегувањето од Управниот суд даде изјава за медиумите, верификацијата на мандатите е спротивна на Деловникот и на собраниска комисија која уште не формирана.

„Само што ги поднесовме тужбите до Управниот суд во однос на начинот на којшто се изврши изборот, односно верификацијата на останатите 8 пратеници во Собранието на Република Македонија. И покрај нашите реакции во Собранието дека начинот за верификација е тотално погрешен, нелегитимен и пред сè нелегален. Она што владејачкото мнозинство го направи е незаконско, затоа што верификациската комисија е создадена само за првата конститутивна седница. Во Деловникот во член 17 јасно и прецизно пишува дека единствено тоа може да се направи по предлог на комисијата за имунитетно-мандатни прашања, која не е формирана. Укажавме дека овие 8 пратеници не се верификувани на начинот како што е пропишано со Деловникот. Од Управниот суд очекувам што е можно побрзо да ги разгледа тужбите и да одлучи врз основа на словото на законот“, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Претходна вестМицкоски ги повика граѓаните да излезат на протест во среда
Следна вестПолицајци си уапсија колега во Скопје, бил агресивен