Поплаки за проблемите со коишто се соочуваат како нестабилен интернет и мрежа, недостиг на компјутери и друга информатичка опрема, искажаа на денешната средба дел од директорите на 23 скопски средни училишта на скопскиот градоначалник Петре Шилегов. На средбата се дискутираше за мерките што треба да се преземат во време на корана вирусот за да се обезбедат технички услови за непречено одвивање на онлајн настава која треба да започне на 1 октомври.
– Во најкраток можен рок треба да проверите со какви капацитети располагате, односно човечки ресурси за да ви ја одржуваат мрежата и какви ви се интернет мрежите. Ви препорачувам да си помогнете со размена на обучен кадар, се со цел да обезбедиме квалитетна онлајн настава. Исто така, сметам дека треба да се подготвите за сите три можни сценарија, односно за онлајн настава, настава со физичко присуство и комбинирана настава – рече Шилегов на состанокот со директорите.
Тој додаде и дека работат со луѓето од Министерството за образование и наука, но во овие нови услови на живеење не може да се најде совршено решение и дека сите треба да се обидат решенијата да ги бараат во од за да се заштити здравјето на децата.
По конструктивната дискусија се донесе заклучок да се одржи уште една средба пред почетокот на учебната година.