Со тешки телесни повреди вчера се здобил малолетен пешак откако во него удрил автомобил во скопското село Јурумлери, соопшти полицијата.
-На 14.09.2020 во 19.10 часот било пријавено дека на ул.„5“ во с.Јурумлери, скопско, патничко возило „Mерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Е.(38) од с.Долно Количани, скопско, удрило во малолетен пешак од с.Јурумлери. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, се наведува во информацијата.