Судијката ставила акцент на олеснителните наспроти отежителните околности, поради што пресудата е блага и неадекватна во конкретниот случај, се наведува во жалбата која Скопското Јавно обвинителство ја доставило до Апелација за изречената пресуда за сообраќајната несреќа кај „Млечен“ рестроран минатата година. Пресудата од две години условна казна за сообраќајка во која едмо лице загина, а неговата бремена сопруга беше повредена и го загуби детето предизвика револт во јавноста.
Во жалбата, Обнинителството бара да се изрекне поостра казна за обвинетиот.
-Признанието на вина во услови кога обвинетиот несомнено е свесен за доказите против него и за извесноста да се соочи со санкции, само по себе не треба да претставува цел на привилегирање на сторителот, особено кога се работи за кривично дело со несомнено тешки последици, стои во соопштението на скопското обвинителство.
Во жалбата јавниот обвинител истакнал и дека возраста на обвинетиот од 63 години не треба да ја намалува тежината на околностите, бидејќи станува збор за возач со долгогодишно искуство од кого се очекува да ги знае сообраќајните правила и прописи.
Како олеснителна околност од Судот е ценет и фактот дека обвинетиот и самиот претрпел трауми за време на сообраќајната несреќа, но во жалбата јавниот обвинител истакнува дека во пресудата овие трауми не се сразмерно одразени наспроти физичката болка и трауми кои ги доживеала оштетената, која се соочила со загуба на сопругот и на плодот, а и самата се здобила со тешки телесни повреди.
-Изразеното сочувство и каење на обвинетиот по несреќата, изразени на главната расправа и преку писма до оштетената, за Судот претставуваат исто така олеснителна околност, но според јавниот обвинител, тие претставуваат нужен морален чин и граѓанска одговорност, сметаат од обивнителството.