Со повреди се здобила сопатничка во патничкото возило „Рено“ кое вчера попладне удрило во срна на автопатот од Тетово кон Скопје.
СВР Тетово информира дека несреќата се случила во 17 часот и 30 минути во близина на исклучувањето за Групчин.
-Патничко моторно возило „Рено сеник“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот З.С. од скопско Волково, удрило и усмртило срна која се движела по коловозот. При тоа, со телесни повреди се здобила сопатничката во возилото Д.З.(49), која била пренесена во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош – информираат од СВР Тетово.
По пријавата на случајот извршен е и увид од страна на екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.