Вкупно 750 прекршоци за неносење маска против вирусот, изрекла полицијата во изминатово деноноќие, соопшти МВР.
Санкција за овој вид прекршок изнесува 20 евра во денарска противвредност а доколку се плати во рок од осум дена – 10 евра. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид -19.
Од почетокот на примената на оваа мерка на 1 мај годинава па до 10-ти септември во Македонија изречени се вкупно 52.545 прекршоци против 52.543 граѓани.