Заборавивте дека заборавивте да набавите бесплатни заштитни маски

„Заборавањето веќе не е оправдување“ и немало да има оправдувања за оние што ќе заборават заштитна маска кога ќе излезат од дома. Ова пред два дена им го порача на граѓаните министерот за здравство Венко Филипче, кога најави дека и сами, надвор, ќе треба да носиме маска. Последните рестриктивни мерки што ги соопшти владата предизвикаа револт кај граѓаните, оти се нелогични и збунувачки, како онаа на пример дека во кафеана не треба маска, ама ако е повеќе од еден човек во автомобил и за цело време надвор, маска е задолжителна.

Нејсе, оправданоста на новите рестриктивни мерки ја спорат деновиве и стручните претставници, но очигледно е дека ќе треба да се држиме до нив. Она што е најспорно, и остана неодговорено е како може да им се нареди на луѓето дека мора да носат маски надвор, макар и сами, ако некои од нив не може да си дозволат да си ги купат? А такви има во сериозен број. И нивната бројка не е научна фантастика ако се сака да се дознае. На пример, последната прогноза од пред 3 дена на Светска банка е дека за разлика од лани кога 17 отсто од Македонците живееле во сиромаштија, оваа година ќе бидат 23 проценти.Филипче изгледа заборави дека заборави на бесплатните заштитни маски?

И дојдовме до прашањето: каде се бесплатните маски што лично Филипче ги вети пред 3 години? Филипче изгледа заборави дека заборави на бесплатните заштитни маски. Ако се наметнува облигаторно однесување треба да се земат предвид сите предуслови. Па така, за да воведеш казнива мерка за неносење маски, треба да знаеш дека некој нема пари ни за леб, и дека истовремено некогаш си ветил а не си исполнил набавка на бесплатни маски.

А најлошите денови, според сите предвидувања допрва доаѓаат и не само заради короната туку и заради загадувањето…

Претходна вестМаж пронајден починат во автомобил паркиран на бензинска пумпа
Следна вестДенс ОФФ денеска и утре во Скопје