За еден час казнети 70 возачи во Тетово, над 9.000 казни за 20 дена во државата

За еден час во Тетово полицијата казнила 70 возачи, а за 20 дена се напишани над 9.000 казни во целата држава.

„Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици. До сега во овие дваесетина дена откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се околу 9.000 санкции, најчесто за возење со брзина над дозволената, нерегистрирани возила, а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата“, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Тој апелираше до граѓаните на Тетово да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

„Само за еден час во денешната акциска контрола во Тетово се изречени 70 санкции, пред се за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола и друго“, соопшти Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а целосните податоци од денешната засилена акциска контрола во Тетово ќе бидат презентирани утре.

Претходна вестИнспекторатот изврши 523 контроли во угостителски објекти за почитување на мерките
Следна вестПриведени двајца дилери на дрога од Штип