Нов случај на приведување на лице со опојна дрога марихуана посочи полицијата.
– Синоќа во 21.30 часот на Средно Водно е приведен 31-годишник заради поседување на марихуана, се наведува во полицискиот извештај.
Ова е нов случај на приведување на оваа излетничка локација која ја посетуваат многу скопјани. На 11 октомври, исто така, околу 16 часот приведено било едно 28-годишно лице кое поседувало марихуана.
Дали Средно Водно е новото „местенце“ каде се користи и продава оваа опојна дрога? Досега, голем број на откриените случаи се врзуваа за Градскиот парк, а сега „преминуваат“ на омилената скопска планина.
Инаку, вчера полицијата привела уште две лица заради марихуана. Приведен е 19-годишен скопјанец кој бил затекнат со марихуана еден час порано, во близина на Железничката станица. Во третиот случај станува збор за 20-годишник, приведен во Чаир.
Од МВР велат дека по документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.