Пуломлог Трајче Нешковски е лицето кое вчера загинало во сообраќајна несреќа на „Реузвелтова“ улица откако неговиот автомобил удрил во дрво. Според првичните сознанија нему му се слошило за време на возењето по што со својот автомобил прво удрил во друго возило во движење, а потоа и во дрво на тротоарот.
Неофицијално се претпоставува дека доживеал срцен удар, но тоа ќе се знае по обдукцијата која треба да биде извршена на Судска медицина.
По несреќата тој бил префрлен во Ургентен центар, но таму докторите не успеале да му помогнат бидејќи повредите биле тешки.
Нешковски беше на 32-годишна возраст, а раководеше со ковид-единицата во Детската болница Козле.
Инаку, вчера од МВР информираа дека на 14.10.2020 во 16.35 часот добиле пријава дека на крстосницата на улиците „Орце Николов“ и „Франклин Рузвелт“ има сообраќајна незгода помеѓу „цитроен“ со гостиварски ознаки и „опел“ со струмички ознаки.