Пописот во Македонија ќе се спроведе во април идната година. Ова го потврди денеска премиерот Зоран Заев. Тој порача дека пописот на населението и резултатите никако не влијаат на Уставот, на Рамковниот договор или слично.
– Пописот треба да се спроведе токму поради рамномерниот развој, економските параметри и статистиките кои што ни требаат во државата и тоа треба да го спроведеме. Одговорност е на секој граѓанин, не на Заев и Мицкоски, истакна премиерот.
Заев нагласи дека пописот ќе го спроведе Државниот завод за статистика и ги повика граѓаните да ги пополнат анкетните листови.
– Да си ги пополниме анкетните листови кои сега ќе бидат помали во обем, заради тоа што електронски веќе голем дел од податоците се собрани во Заводот за статистика. Април 2021 година си е месецот за спроведување на пописот, потенцираше премиерот.