Кривична пријава за измама добил жител на Дебар кој од жител на Гостивар позајмил возило кое потоа го продал на отпад, информира полицијата.
Настанот се случил во Дебар во август годинава.
–Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против А.Х.(31) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 03.08.2020, пријавениот позајмил возило „Фолксваген голф“ од М.С.(29) од Гостивар, сопственост на таткото на неговата сопруга и наместо да го врати возилото, го продал во отпад за возила во Дебар, стекнувајќи се со противправна имотна корист во износ од 153.750 денари, соопшти полицијата.