Позајмил автомобил па го продал на отпад за 2.480 евра

Кривична пријава за измама добил жител на Дебар кој од жител на Гостивар позајмил возило кое потоа го продал на отпад, информира полицијата.

Настанот се случил во Дебар во август годинава.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против А.Х.(31) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 03.08.2020, пријавениот позајмил возило „Фолксваген голф“ од М.С.(29) од Гостивар, сопственост на таткото на неговата сопруга и наместо да го врати возилото, го продал во отпад за возила во Дебар, стекнувајќи се со противправна имотна корист во износ од 153.750 денари, соопшти полицијата.

Претходна вестНародна банка поднесе кривична пријава против одговорните за стечајот на „Еуростандард банка“
Следна вестЈакимовски до Османи: Престани да ни попуваш на нас Македонците