Казнети 192 возачи во Ѓорче Петров

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на општина Ѓорче Петров изречени се вкупно 192 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 28 лица, 17 технички неисправни и нерегистрирани возила, 11 прекршоци на мотоциклисти.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР.

Претходна вестОлимпијката Александра Војневска највероватно ќе го наследи Тупурковски на чело на МОК
Следна вест60-тина скопјани се уште чекаат МВР да им ги најде украдените точаци