Товарно возило удрило во пешак во Скопје, возачот побегнал

Во утринските часови на 17. октомври во полиција било пријавено дека на булеварот „Александар Македонски“ товарно возило удрило во 77-годишен пешак и го напуштило местото на незгодата.

Пешакот се здобил со тешки повреди, констатирани во градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

На местото на настанот бил извршен увид од екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вест702 казни за неносење заштитна маска
Следна вестПриведен 23-годишен крадец од Скопје