Со тешки телесни повреди се здобила 78-годишна скопјанка во сообраќајна несреќа што се случила вчера утро во скопска населба Тафталиџе.
МВР соопшти дека во неа удрило патничко возило „Опел“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(57) од Скопје удрило во неа.
-Несреќата се случила на крстосницата од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Лондонска“, а пешакот М.Ј.(78) од Скопје се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, соопшти полицијата.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа на СВР Скопје.