Во последните 24 часа во Македонија се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи на Ковид-19. Ова го соопшти Министерството за здравство.
Новозаразените се во Скопје-116, Куманово-4, Штип-12, Прилеп-23, Тетово-10, Струга-12, Велес-7, Битола-8, Охрид-14, Кавадарци-2, Гостивар-10, Струмица-6, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Кочани-3, Пробиштип-5, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Кичево-6 и две лица во Ресен.
Починати се 15 лица, двајца пациенти од Скопје (73 и 78 години), еден од Куманово (68), тројца пациенти од Тетово (60, 70 и 77 години), двајца од Струга (73 и 75 години), еден од Велес (58), еден од Охрид (69), еден од Кавадарци (71), еден од Гостивар (71), еден пациент од Гевгелија (76) и двајца пациенти од Кочани (49 и 68 години). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 321 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 27.199, бројката на оздравени пациенти е 18.948, на починати е 934, а бројот на активни случаи изнесува 7.317.