Во обезбедувањето на болниците наскоро ќе почнат да помагаат и припадниците на Армијата. Ваков заклучок вчера попладне донела Владата на седницата на која е прифатен предлогот на Министерството за здравство за ангажирање на припадниците на Армијата во обезбедувањето на болниците како дополнителна помош на припадниците на МВР.
-За ова ќе се побара согласност од Претседателот на државата, се наведува во соопштението.
Шефот на државата на минатонеделната седница на националниот Совет за безбедност, изрази подготвеност, доколку Владата побара, да стави на располагање колку што е потребно припадници на Армијата како логистичка поддршка во борбата против пандемијата.