ВМРО-ДПМНЕ: Арогантноста, мангуплакот и ПР на Филипче не ја решаваат епидемијата

 Ако 913 новозаразени и 24 починати во едно деноноќие не се причина за оставка на Филипче, тогаш тој е опериран од одговорност, реагира денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во партиското соопштение се наведува дека Македонија со Венко Филипче и Зоран Заев бележи црни рекорди при што последните биланси се 913 новозаразени и 24 мртви.

-Дури Филипче смислува хумористични видеа за социјални мрежи, 24 семејства изгубија свои блиски. Ако ова не е причина Филипче да поднесе оставка, тогаш значи човекот е опериран од одговорност, се наведува во соопштението.

Опозициската партија потсетува дека Македонија има најголема смртност во регионот и пошироко.

-Веројатно сме единствена земја во светот во која донирани тестови Министерството за здравство им ги продава на граѓаните. Во Македонија здравството Филипче го колабираше до степен граѓаните со денови да чекаат за КОВИД тестирање, а хронично болните и оние со тешки болести не можат да добијат елементарна здравствена заштита затоа што здравствените власти не знаат да менаџираат со кризата. Арогантноста, мангуплакот и ПР на Филипче не ја решаваат епидемијата. Народот нема никаква корист. Филипче и Заев ја водат Македонија кон пропаст, кон ломбардиско сценарио, а народот тоа го плаќа со своето здравје и своите животи, се наведува во реакцијата.

Претходна вестАрмијата ќе помага во обезбедувањето на болниците
Следна вестЌулафкова: Суштински и де факто не сме биле ист народ, словенските Македонци се домородни на оваа територија, за Бугарите има и други теории…