Казни за 515 возачи, осум возеле пијани

Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, на територијата на град Скопје изречени се вкупно 515 казни, меѓу кои и осум за возачи кои го управувале возилото во под дејство на алкохол, соопшти денеска МВР.

-Меѓу санкционираните се и 42 лица за возење без возачка дозвола, 37 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 113 за непрописно паркирани возила, а 71 возило се подигнати со „пајак“ и 36 казни за неносење заштитна маска, се наведува во информацијата.

МВР најавува дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Претходна вестНехумано и себично е да се зафаќа местото резервирано за возилата на лицата со посебни потреби
Следна вестВладејачките пратеници не сакаат дискусија за заеднички национален став по бугарскиот меморандум