Превртено возило на покривoт е резултатот од сообраќајна несреќа што се случила попладнево на булеварот „Свет Климент Охридски“, кај Соборен Храм, во централното градско подрачје.
Од фотографиите кои скопјани ги објавуваат на Твитер може да се види дека во сообраќајната несреќа учествувале две патнички возила, едното е „Рено“, а другото со е „Форд“. Двете возила имаат скопски регистерски таблички.
Засега не е познато дали во несреќата има повредени лица.