Воведувањето на обврската за задолжителното носење на заштитни маски, марми или шалови на отворен простор не го смени многу односот на граѓаните кон оваа мерка. Полицијата и натаму секојдневно казнува по неколку стотици граѓани ширум Македонија заради овој прекршок.
МВР денеска соопшти дека во изминатово деноноќие е регистриран 641 ваков прекршок на територијата на цела земја. Тоа е бројката која е во рамките на просекот кој се забалежуваше во изминативе недели. Очигледно, новата обврска, како и поранешната за носење на маски во затворен простор, и натаму не се почитува од дел од граѓаните.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19, соопшти МВР.
Скопјани пак на социјалните мрежи апелираат полицијата да шета и казнува по цело Скопје, а не некои делови да се запоставени.