На денешната прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ со соопштение кое го пренесуваме во целост:
–Неспособноста на Заев и Филипче закопаа 1.084 невини граѓани.
Дали министерот геноцид Филипче има грижа на совест?
Филипче на душа ќе носи 1.084 починати.
Додека Филипче држи банални и бледи прес конференции и си продолжува со портпаролска работа, граѓаните умираат дома или по пат до болница.
Филипче ветуваше монтажни болници, за да денес граѓани се лекуваат сами по дома, по ходници и дворови на болниците.
Срамота, во 21 век граѓаните се третираат како робови, а преку ред се тестираат функционери.
Граѓаните се доведени во состојба ако сакаат да се тестираат од КОВИД-19 да дадат пари по приватни лаборатории, а ако немаат пари да умираат, бидејќи во јавно здравство нема термин за тестирање ни за лек.
Ова ли е здравството кое Заев и Филипче ќе го донесеа на голема врата?
Ова ли е европското здравство на Филипче и Заев?
Филипче оди си! Филипче колку повеќе седиш на министерско место само штета нанесуваш на граѓаните, стои во соопштението.