Две момчиња од Скопје се приведени денеска поради уценување на 19-годишна девојка дека ќе објават компромитирачки материјали за неа. Како што информира полицијата, девојката пријавила дека била уценувана од две лица да им даде пари за да не објават компромитирачки содржини за неа, по што полицијата ги привела А.С. (19) и Е.Н. (23) поради „уцена”.
„Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности, по што веднаш се приведени А.С. и Е.Н. и кај нив се пронајдени докази за стореното кривично дело. Против нив до надлежното обвинителство ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави”, соопшти МВР.