Дури 49 лица вчера биле откриени од страна на полицијата како возат по скопските улици, а притоа немаат задолжителна возачка дозвола. Овој пoразителен биланс се надоврзува на оние во изминативе денови кога полицијата открива во просек по двесетина вакви случаи во едно деноноќие. Загриженоста е уште поголема ако се знае дека полицијата сигурно не ги фатила сите кои возеле без возачка дозвола.
Инаку, вчера полицијата изрече вкупно 402 мерки, меѓу кои и 47 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, за управување под дејство на алкохол 5 санкции, 33 санкционирани пешаци, 70 мерки за непрописно паркирани возила и 29 санкции за неносење заштитна маска.
-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, предупредува МВР.