Ново посместување на почвата почуствуваа граѓаните во 15.25 минути. Земјотресот својот епицентар го имал во западните делови од Македонија, а беше почувствуван и во Скопје.
-Се нишаа завесите, а и лисјата на цвеќињата дома. Се исплашив иако тоа траеше три -четири секунди, ни истакна аеродромка која живее на повисоките спратови во зградата каде е сместена редакцијата на „Скопско Ехо“.
Се уште не е познато колкава силина имал земјотресот, а според информациите од различни мерења кои ги пренесуваат медиуми имал магнитуда од 4,8 до 5,2 степени. Ова беше нов во серија на потреси од кои прв се случи утринава во 4.55 минути и имаше епицентар во мавровскиот регион а силина од 5,5 степени според Рихтер.
Сеизмолозите објаснувата дека се работи за вообичаени афтрер-шокови кои што следат по првиот потрес.