Бројката на инфицирани во Скопје надмина 8.000

За првпат бројката на активни случаеви од корона вирусот во Скопје се искачи над 8.000 при што во пет скопски општини таа надмина илјада лица. Ова се должи на вчерашните нови 541 случај и со што сега во евидрнција на Институтот за јавно здравје се водат 8.137 активен случај.

Најмногу активно заразени и натаму има во Аеродром  – 1.270 лица а потоа следат Гази Баба со 1.124, Карпош со 1.055, Центар со 1.026 и Кисела Вода со 1.008 лица. Во Ѓорче Петров има 670 активен случај, Чаир – 485, Бутел, Бутел – 420, Шуто Оризари – 138 и Сарај – 100.

На поширокото подрачје, во Студеничани има 40 лица, Арачиново -21, Илинден – 197, Сопиште – 64, Чучер Сандево – 77, Петровец –81, Зелениково -52, Странец – 140 и  Нераспределен- 169.

Претходна вестУтринската магла ќе отстапи пред пладневното сонце
Следна вестЌе ја средува ли Макрадули и „Пошта“ како што го среди загадувањето?