Полицијата вчера уапси двајца крадци од Скопје кои вршеле кражби на подрачјето на Гостивар.
–Вчера во 18.10 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода А.Х.(47) и А.Ш.(46) од Скопје, по претходна пријава дека истиот ден извршиле кражби во гостиварски продажни објекти. При приведувањето од нив биле одземени повеќе производи, кои потекнувале од пријавените кражби, се наведува во информацијата на МВР.
Двајцата скопјани, за кои постои сомнение дека се извршители и на повеќе други кражби на гостиварското подрачје, се задржани во Полициската станица Гостивар. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.