Одбраната на Борко Ристовски се најде меѓу најдобрите во ЛШ

Македонскиот голман Борко Ристовски имаше една од најдобрите интервенции во петтото коло од ракометната Лига на шампиони на мечот против Кјелце во Скопје, кој го загубија со 29-33.

Голманот на „црвено-црните“ одбрани неверојатен шут на почетокот на натпреварот, па така таа беше избрана за петта најдобра на колото.

Вардар го запиша вториот пораз во елитното натпреварување, откако претходно загуби и од Мешков Брест.

ФОТО: eurohandball.com

Претходна вестГрадоначалникот на Центар и рускиот амбасадор засадија дрва во „Паркот на сеќавањата“ за жртвите од фашизмот
Следна вестПриведен дилер од струмичко Ново Село